Турција купува кинеска вакцина за ковид-19

Испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година.

330

Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија „Синовак Биотек“ за набавка на 50 милиони дози вакцина против ковид-19, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој додаде дека испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година.






– За нас најважно е да почнеме да даваме вакцина која е проверено ефикасна и сигурна – рече Коџа.

Поврзани содржини