ТУРЦИЈА И ЕУ ПРЕД „РАЗВОД“ Ердоган лут на забелешките во годишниот извештај
Турското Министерство за надворешни работи оцени дека извештајот на Европскиот парламент содржи „неосновани обвинувања и предрасуди“, како и дека има „плиток и невзионерски“ пристап на врските на Турција со Европската Унија.
Анкара би можела целосно да се разијде со Европската Унија доколку биде потребно, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција.
Во споменатиот извештај, усвоен пред неколку дена, се вели дека процесот на придржувување на Турција кон Европската Унија не може да продолжи во сегашните околности и ја повикува ЕУ да ги „истражи можностите“ за промена на „паралелна и реална рамка“ кога станува збор за врските со Анкара.
Турција во 1963 година го потпиша договорт за придружување на Европската Унија, тогаш Европска екомомска зааедница, а во 1987 година ја поднесе кандидатурата за членство во Унијата. Сепак, пристапните приговори започнаа дури во 2005 година и притоа досега повеќепати беа суспендирани поради конфликти меѓу Анкара и Брисел. Досега отворени се 16 од 35-те поглавја од турското преговарачко досие. Меѓутоа, последните години преговорите се блокирани главно поради надворешната политика што ја води Турција под водство на Ердоган, поради што Брисел изаразува загриженоста за кршење на човековите права и на недоволното владеење на правото во земјата.
– Европската Унија се обидува да се одвои од Турција. Ќе донесеме сопствени процени во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме и да се разијдеме со ЕУ – изјави Ердоган за новинарите пред неговото патување на Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.
Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди, како и дека има „плиток и невзионерски“ пристап на врските на Турција со Европската Унија.