Турција го тужи „Шарли Ебдо“ за разголена карикатура на Ердоган

1,063

Турција ќе покрене тужба и одредени дипломатски чекори откако сатиричниот неделник Шарли Ебдо нацртал карикатура на Реџеп Таип Ердоган, соопштил турскиот директорат за комуникации.

Високи турски претставници ја осудиле карикатурата, нарекувајќи ја грозен обид за ширење на културен расизам и омраза, пишува Ројтерс.






Државните медиуми соопштиле дека турското обвинителство покренало истрага против уредниците на неделникот Шарли Ебдо.

– Нашите луѓе не треба да се сомневаат дека ќе ги преземеме сите легални и дипломатски чекори против спорната карикатура. Нашата борба против овие некултурни и злонамерни работи ќе оди до крај, и одлучни сме во тоа – соопштил директоратот.

Поврзани содржини