Турција го произведе лекот „Фавипиравир“, наскоро ќе лекува заразени пациенти

Ердоган истакна дека овој лек се наоѓа во фаза на лиценцирање и дека наскоро Турција ќе започне да го користи.

1,965

Турските научници успешно го произведоа лекот ‘Фавипиравир‘ кој се користи во лекувањето на болните од ковид-19, соопшти претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека овој лек се наоѓа во фаза на лиценцирање и дека наскоро Турција ќе започне да го користи.






– Лекот „Фавипиравир“, кој ефективно се користи во лекувањето на ковид-19, турските научници под покровителство на Институтот за научно-техоношки истражувања „Тубитак“, успеаја да го произведат во нашите лаборатории. По неопходните тестови и активности коишто треба да се остварат, Турција ќе почне да го употребува овој лек – рече Ердоган.

Инаку, на 13 април и министерот Венко Филипче соопшти дека преку амбасадата на Јапонија бил побаран антивирусен лек што таа земја го дава како донација во повеќе држави во светот.

Иако Филипче тогаш не го соопшти името, познато е дека станува збор за лекот со генеричко име „Фавипиравир“, попознат под комерцијалното име „авиган“. Лекот го произведува компанија ќерка на „Фуџифилм холдингс“ од Јапонија. Станува збор за лек за кој во клиничка студија во Кина е утврдено дека го спречува ширењето на вирусот на ковид-19 во организмот. Според достапната литература, кај овој лек досега е забележана строга контраиндикација само за бремените жени, бидејќи постои опасност да го оштети или да го уништи фетусот. За други контраиндикации и опасни нуспојави на овој лек засега нема информации. Но, затоа е утврдено дека овој лек е поефикасен ако се употребува во раната фаза на болеста.

Поврзани содржини