ТУРЦИЈА ЌЕ СИ ГО МЕНУВА ИМЕТО Отсега ќе биде позната како „Туркије“ (ВИДЕО)
Прашањето е што ја поттикнало оваа промена, ова ребрендирање на земјата. Според новинарката Илгин Карлидаг, Би-Би-Си, промената се однесува главно во изговорот на зборот „Турција“.
Турција официјално го менува своето меѓународно име во Обединетите Нации. Наместо Турција, или на англиски „Turkey“, земјата наскоро ќе биде позната како „Туркије“, односно „Turkiye“. Земјата сними и видео со кое на јутјуб е започната кампањата.
„Мераба Туркије“, се вели во видеото.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека новото име „на најдобар начин ја претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“.
Прашањето е што ја поттикнало оваа промена, ова ребрендирање на земјата. Според новинарата Илгин Карлидаг, Би-Би-Си, промената се однесува главно на изговорот на зборот „Турција“.
Всушност, „Туркије“ повеќе наликува на она како жителите на турски ја нарекуваат земјата.