ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА БИДЕ ГАРАНТ Ердоган со нов предлог за решавање на војната меѓу Израел и Хамас

Реџеп Таип Ердоган му го соопштил турскиот предлог на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на средбата меѓу двајцата лидери на маргините на самитот на Организацијата за економска соработка во главниот град на Узбекистан Ташкент.

609

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е подготвена да дејствува како гарант за да помогне во решавањето на војната меѓу Израел и Хамас. Ердоган тоа му го соопштил на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на средбата меѓу двајцата лидери на маргините на самитот на Организацијата за економска соработка во главниот град на Узбекистан Ташкент, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

За време на овој конфликт, турскиот лидер цврсто стоеше против Израел, нарекувајќи ги окупатори и велејќи дека Хамас не е терористичка организација.






Додека, Иран е најголемиот поддржувач на милитантната група Хамас. Иран во изминатите години го снабдуваше Хамас со оружје и обучуваше милитанти припадници на палестинската воена група.

Поврзани содржини