Момче од Турција на возраст од 21 година вчера во 19.20 часот во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од жена од Скопје.
„Според пријавеното, откако на 29.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук видел дека лицето изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба. Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари“, информираат од МВР.
Тој вчера отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.