📸 ОТКРИЕН ТУНЕЛ КОЈ ВОДИ ДО ДЕПОТО СО ДОКАЗИ НА ВИШИОТ СУД?! Абазовиќ ѕирна во дупката што ја направила мафијата во Црна Гора

Еден од изворите тврди дека тунелот бил копан најмногу месец и половина. Според тие информации, сопствениците кон крајот на јули го издале станот во подрумот на зградата, спроти страната на зградата на судот. Веројатно било копано во август кога службениците и вработените во судот се на годишен одмор.

1,722

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ објави официјални фотографии од тунел кој бил ископан до депото на Вишиот суд во Подгорица каде се чуваат докази, што неодамна го откри црногорската полиција. Откако го виде тунелот Абазовиќ рече  дека тој не можел да биде ископан без помош на луѓе од самиот суд, пренесува Нова.

„Со земјата никогаш повеќе нема да владее мафијата“, напиша тој на Фејсбук заедно со објавените фотографии.






„Вијести“ утрово објави дека случајот против Кавачкиот криминален клан е еден од претресените во депото на Вишиот суд во Подгорица, откако мафијата нашла начин да влезе во просториите на таа институција.

Еден од изворите тврди дека тунелот бил копан најмногу месец и половина. Според тие информации, сопствениците кон крајот на јули го издале станот во подрумот на зградата, спроти страната на зградата на судот.

Акцијата најверојатно била спроведена во август, додека поголемиот дел од вработените во државната администрација, вклучително и во Вишиот суд, биле на годишен одмор.

Според еден од соговорниците на весникот, станарите на станот користеле лажни документи. Кираџиите вчера попладне биле сослушани во подгоричката полиција. Сопственичката на станот рече дека не ги познавала луѓето кои го изнајмиле станот.

Поврзани содржини