ТУНЕЛИТЕ СЕ САНИРАНИ, ВОЗЕТЕ СПОКОЈНО Сообраќајот на Демир Капија-Смоквица е во нормален режим

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

499

По завршувањето на санацијата на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2 од денеска се воспоставува нормален режим на сообраќајот на автопатот А1, на делницата Демир Капија-Смоквица, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, се додава во соопштението на АМСМ.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Поврзани содржини