ТУКА ПРВПАТ ЈАДЕВ СЛАДОЛЕД, ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ И СЛУШНАВ ЗА РИНГЕ, РИНГЕ РАЈА Столтенберг пред македонските пратеници откри што го поврзува со Македонија
Во 2018 година бев тука за отворањето на Столтенбергова улица која што го носи името на мојот татко, кој е почесен граѓанин на Скопје. Тоа беше признание за неговите напори, но и напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои настрадаа во земјотресот од 1963 година. Тие ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка и им помагаа на оние кои останаа без дом. Во исто време, моите родители помогнаа во трансформација на болницата за туберкулоза во Козле во Институт за респираторни болести на деца. Оваа болница и денеска се грижи за децата и затоа овој дел од светот е важен за мене, кажа Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред македонските пратеници во Собранието се наврати на детството и неговите спомени поврзани со Македонија, при што додаде дека овој дел од светот е многу важен за него
– Кога бев дете татко ми работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години и тука првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки и слушав „Ринге ринге јајa“. Навистина имам пријатни спомени од моето детство во поранешна Југославија. И оттогаш многупати сум се враќал во овој регион и во Македонија за да посетам пријатели како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО. Оттука, во 2018 година бев тука за отворањето на Столтенбергова улица која што го носи името на мојот татко, кој е почесен граѓанин на Скопје. Тоа беше признание за неговите напори, но и напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои настрадаа во земјотресот од 1963 година. Тие ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка и им помагаа на оние кои останаа без дом. Во исто време, моите родители помогнаа во трансформација на болницата за туберкулоза во Козле во Институт за респираторни болести на деца. Оваа болница и денеска се грижи за децата и затоа овој дел од светот е важен за мене – кажа Столтенберг.