ТТК Банка ја исплати каматата за корпоративните обврзници од втората емисија

Како што е соопштено, каматата е пресметана според фиксната каматна стапка од 2,7 отсто на годишно ниво.

315

ТТК Банка ја исплати  каматата за првата година на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија, соопшти банката  преку Македонска берза.

Како што е соопштено, каматата е пресметана според фиксната каматна стапка од 2,7 отсто на годишно ниво.






Во 2019 и 2020 година ТТК Банка реализира емисии на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници.

Обврзниците од првата емисија се со номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5 отсто годишно. Обврзниците од втората емисија се со рок на доспевање од шест години и фиксна каматна стапка 2,7 отсто годишно.

Пресметката и исплатата на каматата на овие обврзници се врши годишно, додека номиналната вредност на обврзницата ќе се исплатува по доспевањето на обврзницата.

Корпоративните обврзници се необезбедени и субординирани обврски во однос на обврките на Банката кон останатите депоненти и  доверители и не подлежат на каков било договор, правен акт или правно дејствие што го намалува степенот на субординација.

Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или привремено  отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката кога отплатата ќе се врши според важечката законска регулатива која ги регулира состојбите на стечај или ликвидација.

Поврзани содржини