ТРУП ИСПЛИВА ОД ВАРДАР КАЈ УЛАНЦИ Судска медицина ќе го утврдува идентитетот на изваденото тело
Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес по пријава на граѓанин излегла на терен и го извадила телото на брегот.
Безживотно тело беше извлечено од реката Вардар кај селото Уланци во општина Градско, откако вчера попладне, околу 14:30 часот, жител пријавил дека забележал труп во водата. Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес веднаш излегла на терен и го извадила телото на брегот.
Трупот бил предаден на надлежните служби за понатамошна постапка, а случајот веднаш бил преземен од обвинителството.
Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска за медиумите потврди дека се сите истражни дејства за да се утврдат причините за смртта и идентитетот на лицето, телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Истражните органи работат на утврдување на околностите под кои телото завршило во реката.