ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“ „Вакви ли оброци ветува власта?“

Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите кои ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?, велат од организацијата „Студентски отпор“ кои ја обзнанија веста за труењето.

317

Организацијата „Студентски отпор“ обзнани дека имало случаи на труење со храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

„Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники“, велат од „Студентски отпор“.






„Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите кои ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?“

„Студентски отпор“ будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!“, додаваат од таму.

Поврзани содржини