Трудо: Канадско-американската граница останува затворена до 21 јули

Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против ковид-19 - посочи Трудо.

192

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните гранични мерки за уште 30 дена, до 21 јули.

– Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против ковид-19 – посочи Трудо.






Канадско-американската граница требаше да биде отворена во април, но досега двапати се продолжени граничните мерки и пред најновата одлука важеа до 21 јуни.

Поврзани содржини