Трудо ги поддржува демонстрациите против расизмот

Со собирањата, Канаѓаните испраќаат порака дека нема да толерираат неправда - додаде канадскиот премиер, ветувајќи дека неговата Влада ќе ја продолжи борбата против расизмот. 

256

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ги поддржа мировните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и ги осуди оние што ги создадоа проблемите.

– Расизам против црнците, системска дискриминација, неправда – постои и тука – рече Трудо на почетокот на денешниот брифинг со новинари, по повод неколкудневните протести низ САД и Канада против убиството на Афроамериканецот кој беше убиен од белец полицаец во Минеаполис.






– Со собирањата, Канаѓаните испраќаат порака дека нема да толерираат неправда – додаде канадскиот премиер, ветувајќи дека неговата Влада ќе ја продолжи борбата против расизмот.

Поврзани содржини