ТРУДНИЦИ И ДЕЦА МЕЃУ ЗАГЛАВЕНИТЕ ВОЗИЛА ВО ЛЕУНОВО Патот кон Бунец е непрооден
Патот кон Бунец е непрооден, пријавено е во сите служби, ниту една не реагира!!!, пишува една од заглавените жени.
Сѐ уште има заглавени лица во Леуново. За ова сведочат и фотографии кои се споделени на Фејсбук.
„Еве ги граѓаните што останаа по своја желба во Леуново. Во моментов сме повеќе од 25 возила, меѓу нас има трудници и мали деца! Патот кон Бунец е непрооден, пријавено е во сите служби, ниту една не реагира!!!“, пишува една од заглавените жени.
Ова место беше затрупано со снег за време на викендот. Висината достигна до 60 сантиметри.