ТРУДНИЦА СО БЛИЗНАЦИ ПОЧИНА ОД КОРОНА ВО НИШ Пациентката не била вакцинирана
Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, коронавирусот е потврден кај пет бремени жени и четири мајки.
Бремена жена (20) од Књажевац починала синоќа околу полноќ во Универзитетскиот клинички центар во Ниш од компликации предизвикани со коронавирус, пренесува српскиот портал Нова.
Директорот Зоран Перишиќ, за медиумите изјавил дека ден пред фаталниот исход на бремената жена, во четвртиот месец од бременоста со близнаци, била поврзана со респиратор поради влошената здравствена состојба.
– Пациенката беше примена на 3 октомври со тешка билатерална бронхопневмонија и сатурација 80. Докторски конзилиум беше вклучен во нејзиниот третман од првиот ден. За жал, нејзината состојба се влоши и беше интубирана. Почина синоќа во 23 часот. Не беше вакцинирана – рече Перишиќ.
Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, коронавирусот е потврден кај пет бремени жени и четири мајки.