Трудница од Тунис се породи на белградскиот аеродром

634

Државјанка од Тунис роди здраво машко бебе на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесе денеска Српската радио и телевизија (РТС).

Тунижанката родила здраво момче по име Адам.






Породувањето започнало на улица, а за само 10 минути завршило во зградата на аеродромот во Белград, изјави за РТС кекарката Даниела Јевтиќ од службата за брза помош.

– Тимот од аеродромот, докторот и техничарот направија сè, така што ние само го зедовме бебето и ги однесовме во болница. Им посакуваме се најдобро – рече таа.

Триесет и двегодишната трудница на аеродромот пристигнала со својот сопруг за да пречекаат патник.

Поврзани содржини