📽 ТРСТ ПОПЛАВЕН ОД ПОРОЕН ДОЖД Силно невреме беснее во Италија и во Словенија
Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, многу провинции се погодени од обилни дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето.
Центарот на Трст денеска беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристанишен град, а невремето потоа се префрли во соседна Словенија, каде поради поплавите во неколку области мораа да интервенираат пожарникарски екипи. Евидентирани се и прекини во електричната енергија, јавува „24сата“.
Многу граѓани и туристи во Трст се засолниле во угостителските објекти околу крајбрежниот плоштад „Италијанско единство“. Невремето во рок од само 20 минути исфрли огромно количество вода врз центарот на градот, по што небото се расчисти.
Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, многу провинции се погодени од обилни дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето.
Висок водостој е забележан и во Венеција, додека во северозападната провинција Пиемонт, пожарникарите и полицијата мораа да интервенираат со плуг за да ослободат неколку автомобили заробени во снегот во планинскиот премин Коле Дел Анџело, во близина на градот Кунео, на границата меѓу Италија и Франција.
Повредени нема, возилата подоцна се спуштиле во долината, а патот привремено е затворен.
Критична е ситуацијата и во Ломбардија на северот на Италија, каде поради делумни поплави се евакуирани десетина лица.
Екстремните временски услови го нарушија и националниот сообраќај, а државниот патен оператор Анас најави затворање на три главни патишта во северните провинции Ломбардија и Пиемонт.
Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат околу пладне поради поплави во областите на Толмин, Нова Горица, Загорје об Сава, Лашко, Велење и Целје, пишува словенечката агенција СТА.
Oggi a mezzogiorno pipggia intensa a #trieste. E continua … pic.twitter.com/1SOF0IaydV
— LordFanna (@Sir_Fantuz) August 28, 2023