📽️ ТРОТОАРИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ УЗУРПИРАНИ Багерите на Град Скопје во акција за расчистување дивоградби

Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани, напиша градоначалникот споделувајќи снимка од акцијата на кејот на Вардар.

3,270

Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и сподели снимка од  акција за расчистување бесправно изградени објекти на кејот на Вардар во центар.

Нема да има никакви отстапки, нагласува Ѓорѓиевски.






„Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес. Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани.

Акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје! Ова е процес во кој сите сме партнери. Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите“, напиша Ѓорѓиевски порачувајќи дека заедно градиме град каков што заслужуваме.

Поврзани содржини