ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 0,4 ОТСТО Некои цени скокнале и до 10 отсто

Најголем пораст е забележан во транспортот, кајшто има поскапување од скоро 10, односно 9,9 отсто.

548

Трошоците за живот во декември биле поголеми за 0,4 отсто во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. За цела 2021 година, во однос на претходната, цените на мало се зголемиле за 4,3 отсто. Најголем пораст е забележан во транспортот, кајшто има поскапување од скоро 10, односно 9,9 отсто.

Потоа следат цените во групите „ресторани и хотели“ за 5,9 отсто, „алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“ за 3,8 отсто, „храна и безалкохолни пијалаци“ за 3,1 отсто, „здравје“ за 2,9 отсто, „домување, вода, електрика, гас и други горива„ и „рекреација и култура“ за 2,7 отсто, „разновидни стоки и услуги“ за 1,4 отсто, „мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата“ за 1 отсто и „облека и обувки“ за 0,2 отсто.






Намалување на индексите имало само кај „комуникациите“ за 0,5 отсто, а „образование“ е на исто ниво како претходната година.

Поврзани содржини