📊 ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА И ЗА ПИЈАЛАЦИ СЕ НАМАЛЕНИ ЗА 1.000 ДЕНАРИ Мерките на Владата за намалување на цените даваат резултат

Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

122

Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалаци за едно четири члено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1.000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема, изјави Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Народот има партнер во владата, која работи за него, а не против него. Инфлацијата е помеѓу 2 и 2.5%, за време на СДСМ таа беше двоцифрена. Македонија се движи забрзано напред. Економската трансформација која е наша цел почнува. Куповната моќ на народот се зголемува и економијата расте. Неспособноста заврши со СДСМ и ДУИ – изјави Петрушевски.






Поврзани содржини