ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ПОРАСНАА ЗА 2,6% За една година цените на мало се зголемиja за 2,7%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0,6 %.
Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало од 2,7 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0,6 %.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,1 %, Облека и обувки за 1,5 %, Рекреација и култура за 1,4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 %, Здравје за 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 %.
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1,6 %.