ТРОШОЦИТЕ НА ТРУД ВО ЕУ СЕ ДВИЖАТ ОД 12 ДО 57 ЕВРА Каде се највисоки, а каде најниски?

Во 2025 година, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија, изразени во евра, се зголемија за 4,1% во ЕУ и за 3,8% во еврозоната, во споредба со 2024 година.

46

Трошоците за труд по час во Европската Унија лани се движеа од 12 до 57 евра, покажуваат податоците  на Евростат.

Според овие податоци просечните трошоци за труд по час во целата економија се проценуваат на 34,9 евра во Европската Унија и на 38,2 евра во еврозоната и се зголемени во однос на 2024 година кога просекот во ЕУ изнесуваше  33,5 евра, а во еврозоната 36,8 евра.






Постојат значителни разлики меѓу земјите од ЕУ во просечните трошоци за труд по час. Најниските трошоци за труд по час се забележани во Бугарија (12,0 евра), Романија (13,6 евра) и Унгарија (15,2 евра), додека највисоките се во Луксембург (56,8 евра), Данска (51,7 евра) и Холандија (47,9 евра).

Двете главни компоненти на трошоците за труд се плати и надоместоци и трошоци кои не се поврзани со плати (на пр., социјални придонеси на работодавачите).

Уделот на трошоците кои не се поврзани со плати во вкупните трошоци за работна сила за целата економија изнесуваше 24,8% во ЕУ и 25,6% во еврозоната.

Најниските удели на трошоците кои не се поврзани со плати во ЕУ беа забележани во Романија (4,8%), Литванија (5,5%) и Малта (5,8%), а највисоките во Франција (32,3%), Шведска (31,7%) и Словачка (28,6%).

Во 2025 година, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија, изразени во евра, се зголемија за 4,1% во ЕУ и за 3,8% во еврозоната, во споредба со 2024 година.

Во рамките на еврозоната, трошоците за работна сила по час се зголемија во сите земји, освен во Малта каде што се пониски за 0,5%.

Најголеми зголемувања се забележани во Бугарија (13,1%), Хрватска (11,6%), Словенија (9,3%) и Литванија (9,2%), додека најниски се забележани во Франција (2,0%) и Италија (3,2%), по што следат Шпанија, Кипар и Луксембург (3,5%).

За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, трошоците за труд по час изразени во национална валута се зголемија во сите земји, при што најголеми зголемувања се забележани во Романија (10,6%), Унгарија (8,9%) и Полска (8,8%). Најмалку се зголемија во Данска (3,0%).

Поврзани содржини