🎥 ТРОПСКАТА БУРА ИДАЛИЈА ЈА ПОГОДИ КУБА Вонредна состојба на Флорида која е на удар на голем ураган
Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, прогласи вонредна состојба во 46 окрузи, широко подрачје што се протега низ северните делови на државата, од Мексиканскиот залив до брегот на Атлантикот, а на милиони луѓе им е наредена евакуација.
Тропската бура Идалија денеска ја погоди западна Куба и се очекува да се засили во голем ураган додека се движи кон брегот на американската сојузна држава Флорида, каде властите наредија милиони жители да се подготват за евакуација.
Додека жителите на Флорида превентивно поставуваат вреќи со песок и ги евакуираат домовите во ниските области долж брегот на Заливот, тропската бура Идалија ја зафати Куба носејќи пороен дожд, особено на крајниот запад од островот, аннаселението се евакуира поради можни поплави.
Во неделата на Куба наврнале дури 10 сантиметри кубни дожд, објавија метеоролошките служби, а се очекува дека Идалија денеска на Флорида ќе донесе урагански ветрови и до среда ќе стигне до брегот, пренесува АП.
Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, прогласи вонредна состојба во 46 окрузи, широко подрачје што се протега низ северните делови на државата, од Мексиканскиот залив до брегот на Атлантикот.
Државата мобилизираше 1.100 членови на Националната гарда, кои имаат на располагање 2.400 пловни објекти и 12 авиони за спасувачки операции. Меѓународните аеродроми во Тампа и Сент Пит-Клирвотер објави дека тие ќе бидат затворени денес.
Вонредна состојба е одобрена и на федерално ниво, што ќе овозможи федерална помош за Флорида. Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со Десантис во понеделникот и одобри прогласување вонредна состојба за Флорида, соопшти Белата куќа.