ТРОГАТЕЛНА СЦЕНА Победникот на Евровизија ја бакна девојката и отиде во војна (ФОТО)
Олег Псиук по трогателниот и јавен поздрав, се вратил во Украина и се приклучил на првата линија на фронтот.
Фронтменот на украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кој во саботата победи на Евровизија, вчера е снимен како се збогува со девојка пред да се врати во Украина, каде што, пишува британски „Дејли мејл“, ќе ѝ се придружи на украинската војска на првата линија на фронтот.
Олег Псиук, фронтменот на украинската фолк-рап група „Калуш оркестра“, вчера е снимен пред хотелот во којшто престојувал во Торино додека се поздравува со својата девојка Олександра.
Како што пишува „Дејли мејл“, Псиук по трогателниот и јавен поздрав, се вратил во Украина и се приклучил на првата линија на фронтот.
Eurovision winner kisses girlfriend goodbye outside hotel as he prepares to join frontline in war against Russia https://t.co/prZCfkJcrH
— Daily Mail Online (@MailOnline) May 15, 2022
Потсетуваме, Украина во саботата победи на Евровизија, додека Велика Британија заврши на второто место, а Србија беше петта.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи набргу по објавувањето на резултатите, поздравувајќи ја победата и дури вети дека наредната година натпреварот ќе се одржи во Мариупол.
ФОТО: Твитер/Јутјуб