Трогателен гест на Мурињо: Се согласи и се фотографира со новинар за да му оддаде почит на неговиот починат татко (ВИДЕО+ФОТО)
Новинарот објасни дека имал оставено завет од починатиот тако да побара од Мурињо заедничка фотографија ако се најде во таква можност.
Жозе Мурињо тренерот на Тотенхем денеска направи трогателен гест откако македонски новинар го замоли да се слика со него за му оддаде почит на неговиот починат татко кој бил негов голем почитувач.
Мурињо на онлајн прес- конференција пред утрешниот меч Шкендија – Тотенхем во Скопје даде изјава за очекувањата. По изјавата на Мурињо еден од македонските новинари реагираше дека не му е дадена можност да постави прашање, па Мурињо се врати да го ислуша. Меѓутоа новинарот немаше прашање туку му се обрати со молба. Објасни дека неговиот татко е починат, но дека тој бил голем фан на Мурињо.
Тој рече дека татко му му оставил завет дека доколку има можност да го замоли Мурињо за заедничка фотографија.
– Доколку мечот помине добро за вашиот клуб, дали би ми дозволиле да се сликам со вас? Би сакал таа слика фотографијата да ја врамам и да ја ставам на гробот на татко ми – замоли новинарот.
На тоа Мурињо одговори:
– Фотографијата нема никаква врска со исходот на натпреварот. Ние ќе го сториме тоа. Доколку можеме да се сретнеме пред натпреварот, ќе го направиме тоа, тогаш може ќе биде полесно, доколку не, ќе го сториме тоа по натпреварот, резултатот нема да влијае на тоа. Ќе ми биде задоволство да му оддадам почит на вашиот татко.
По пристигнувањето во Скопје Мурињо го исполни ветувањето и се сретна со македонскиот новинар за да направат заедничка фотографија.
A classy moment from Jose Mourinho after one Macedonian journalist was understandably upset at missing the chance to ask his questions. He came back especially so he could speak to him. What a guy. pic.twitter.com/tiR1gcLTpd
— Football Fights (@footbalIfights) September 23, 2020