Тројно убиство на приватна забава во САД

379

Најмалку три лица загинаа во пукање што се случило на приватна забава во градот Вилмингтон, во сојузната американска држава Северна Каролина, соопшти американската полиција.

Во соопштението се наведува дека до пукањето дошло околу полноќ по локално време и дека во инцидентот се повредени уште четири лица.

– Куќната забава била во тек, кога дошло до пукање. Најмалку седум лица се застрелани, а тројца им подлегнаа на повредите – изјави шерифот на полицијата Дони Вилијамс за локалната телевизија ВЕКТ.

Според него, полицијата се обидува да ги открие мотивите за нападот и да ги идентификува осомничените, јавија локалните медиуми.

Поврзани содржини