„ТАЈНА“ СРЕДБА МЕЃУ УКРАИНА, РУСИЈА И ТУРЦИЈА Дипломатите ќе се сретнат во Анталија

Турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

524

Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“.






Претходно, турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток.

Поврзани содржини