Тројца здравствени работници во Норвешка добиле згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека

1,117

Тројца здравствени работници во Норвешка, кои неодамна ја примиле вакцината на АстраЗенека, се лекуваат во болница поради згрутчување на крвта, соопштија норвешките здравствени власти.

Норвешка во четвртокот ја запре примената на вакцините на АстраЗенека, по сличниот потег на Данска. Исланд подоцна го следеше нивниот пример.






– Не знаеме дали случаите се поврзани зо вакцината – вели Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови, на конференција за новинари која ја оддржале заедно со Норвешкиот институт за јавно здравство.

Сите три лица се помлади од 50 години.

Европскиот регулатор за лекови ЕМА ќе ги истражи трите инциденти, додал тој.

Поврзани содржини