ТРОЈЦА УАПСЕНИ ВО СТРУМИЧКО МУРТИНО Им биле најдени кокаин и марихуана
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско.
Во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица завчера вечерта ги уапсија Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко, информира МВР на својата Фејсбук-страница.
При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајдена мариахуана.
„Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информира МВР.