ТРОЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ЌЕ ОДАТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СОЛУН Болницата Папаниколау располага со 4 кревети за третман на изгореници

Министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

490

Тројца тинејџери со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.






Информацијата ја потврдија и од Кризниот штаб при Министерството за здравство.

– Во тек се припремите. Иницијално тројца за Грција. Во тек е останатото организирање и тријажирање – велат од Штабот.

Претходно, министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека дваесетина најтешко повредени, ќе се лекуваат во странство.

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ претходно соопштија дека три нивни возила ќе транспортираат повредени сместени на КАРИЛ за лекување во соседна земја.

Поврзани содржини