ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ЗАПАЛИЛЕ ЧЕТИРИ ВОЗИЛА Целта им била да уништат „ауди“, ама огнот се раширил

По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март годинава во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила –  „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.

1,189

МВР информира дека вчера, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода скопјаните А.Ј., С.Б., и С.Ј.

По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март годинава во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила –  „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.






– Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик – велат од МВР.

Поврзани содржини