СКОПЈАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА – На 03.11.2020 во 7 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Кадино – с.Миладиновци, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(23) од с.Марино, скопско и товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(56) од Куманово. Во незгодата Љ.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК – На 03.11.2020 во 6.55 часот било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „сузуки алто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(53) од с.Чифлик, скопско, удрило во пешакот А.Ш.(33) од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА – На 03.11.2020 во 21.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Свети Климент Охридски“, ул.„Димитрије Чуповски“ и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(30) с.Ласкарци, скопско, и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(23) од Скопје. Во незгодата Б.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а С.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.