ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Првопријавениот лажно се претставил преку мејл комуникација како управител на Градежник монт татра ДООЕЛ под измислено име Б. Ј.. Заедно со второпријавениот Р. Ѓ. составиле и употребиле повеќе документи со невистинита содржина со што заеднички ја довеле и држеле во заблуда фирмата од Белорусија.

1,993

Со лажно претставување и фалсификување документи тројца скопјани измамиле фирма од Белорусија и со затајување данок го оштетиле Буџет за 9.512.881 денари, односно за околу 585.000 евра.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица од Скопје за измама, фалсификување или уништување деловни книги, даночна измама и даночно затајување.






Пријавите се поднесени против И.Ѓ. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги Зденка-кабли ВЛ ДООЕЛ Скопје, против Р.Ѓ., против Д.Н.Е. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за градежништво Градежник монт татра ДООЕЛ Скопје.

За двете наведени фирми се поднесени кривични пријави за даночно затајување.

– Првопријавениот И. Ѓ. во својство на сопственик и управител на Зденка-кабли ВЛ ДООЕЛ Скопје и второпријавениот Р. Ѓ. со цел да стекнат противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Зденка-кабли ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петтопријавениот правен субјект Градежник монт татра ДООЕЛ Скопје, од септември 2021 година до јуни 2022 година го довеле во заблуда Друштвото со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Република Белорусија, да склучи Договор за испорака на стока во вредност до 2.000.000 евра.

Првопријавениот лажно се претставил преку мејл комуникација како управител на Градежник монт татра ДООЕЛ под измислено име Б. Ј.. Заедно со второпријавениот Р. Ѓ. составиле и употребиле повеќе документи со невистинита содржина со што заеднички ја довеле и држеле во заблуда фирмата од Белорусија.

„Тие ја претставиле фирмата Градежник монт татра дека е солвентена и сериозна. Здружението од Белорусија им испорачувало производи – кабел и жица сѐ до крајот на јули 2022 година кога пријавените лица прекинале секаков контакт и не ја платиле испорачаната стока“, соопшти Управата за финансиска полиција.

Со ваквите дејствија, првопријавениот И.Ѓ. и второпријавениот Р.Ѓ. се стекнале со противправна имотна корист за себе и за двете фирми, при што ѝ нанеле штета на белоруската фирма од 747.249 евра.

Третопријавениот за дел од увезената стока во вкупен износ со ДДВ од 35.891.852 денари, во име на фирмата Градежник монт татра изготвил фиктивни излезни фактури со кои му помогнал и му овозможил на првопријавениот И. Ѓ. да ги искористи и евидентира како влезни во фирмата  Зденка-кабли ВЛ ДООЕЛ.

Тој до Управата за јавни приходи поднел Даночни пријави за данок на додадена вредност за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година со невистинита содржина, со што неосновано искажал право на поврат на ДДВ во вкупен износ од 5.475.061 денари, на кој начин го оштетил Буџетот, a со тоа првопријавениот го сторил кривичното дело „даночна измама“.

Првопријавениот И. Ѓ. залихата на трговската стока во вкупен износ од 862.615 денари во фирмата Зденка-кабли ВЛ, возило БМВ вредно 2.500.000 денари, како и трговска стока набавена со компензации во вредност од 2.988.502 денари, ги присвоил за себе и не ги евидентирал како кусок во во фирмата. За нив не уплатил Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18 отсто во износ од 1.143.201 денари, Данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 635.112 денари и Данок на личен доход по пресметковна стапка од 11,11 отсто во вкупен износ од 705.608 денари, односно го оштетил Буџетот за вкупен износ од 2.483.921 денари a со тоа го сторил кривичното дело „даночно затајување“.

Третопријавениот, дел од набавената стока од белоруската фирма во износ од 15.538.990 денари без ДДВ, која според документација од Царинската управа е извезена од фирмата Градежник монт татра во фирмата Обоени метали Бор од Србија, не ја евидентирал продажбата во сметководствената евиденција и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 1.553.899 денари за кој износ го оштетил Буџетот a со тоа го сторил кривичното дело „даночно затајување“.

 

Поврзани содржини