Тројца се осомничени, а еден е уапсен за подметнување на пожарите во земјава

615

Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Л.А. од Република Албанија поради основано сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Како што информираат од МВР, едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со јавен обвинител.






– Во текот на вчерашниот ден, пак, благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај – соопшти МВР.

Поврзани содржини