ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ПО КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ВО ТЕТОВО Продолжува истрагата за инцидентот во кој загина едно лице, а четворица се повредени

По крвавата престрелка во која загина едно лице, МВР уапси три лица и најави продолжување на истрагата.

384

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по крвавата престрелка во Тетово, во која вчера загина едно лице, а четворица беа повредени, денеска се приведени три лица. При претреси на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, пронајдени се предмети кои се од интерес за истрагата.

„Во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, ве известуваме дека лишени од слобода се три лица. При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско пронајдени се предмети кои се од интерес на истрагата. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката.“, велат од МВР.






Потсетуваме, престрелката се случи вчера напладне на крстосница од улиците Илинденска и Благоја Тоска во Тетово, при што дојде до вооружена пресметка помеѓу лица од две возила. Едното возило беше „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски регистарски таблички, сопственост на 19-годишник од село Гајре, а другото – „Фолксваген Голф“ во кое беше пронајдено починато лице со прострелни рани.

Четворица повредени беа пренесени во скопските клиники – 32-годишен маж со тешка прострелна рана во граден кош, 12-годишно дете со прострелна рана во ногата, 37-годишен пациент со прострелна рана во граден кош и 60-годишен маж со скршеница на потколеница. Меѓу повредените имаше и случаен минувач.

ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПРЕСТРЕЛКАТА ПРЕФРЛЕНИ ВО СКОПЈЕ Состојбата е стабилна, но сериозна, велат лекарите

ЕДЕН УБИЕН И ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата откри детали за крвавата пресметка во Тетово

Поврзани содржини