ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ, ОДЗЕМЕНИ ОРУЖЈЕ И МАРИХУАНА Полицаец фатен во нелегален лов со уште две лица

Тројца лица од Неготино се приведени поради нелегален лов на забрането подрачје. Кај нив биле пронајдени ловечка пушка, муниција и дрога.

369

Тројца мажи од Неготино и неготинско се приведени откако биле затекнати во нелегален лов на подрачје каде што ловот е строго забранет. Кај нив биле пронајдени ловечка пушка, муниција и дрога.

Инцидентот се случил на 19 јануари, во утринските часови, во атарот на селото Копришница, во општина Демир Капија. Полициски службеници при редовна контрола забележале патничко возило „лада нива“, од кое излегле три лица со ловечка пушка, по што набргу се слушнале истрели од огнено оружје.






По нивното враќање кон возилото, полицијата ги лишила од слобода 31-годишниот М.З. од Неготино, кој е вработен како полициски службеник, како и К.Т. (29) и Б.П. (28) од селото Тимјаник. Кај М.З. била одземена ловечка пушка марка „хуглу“ со повеќе патрони.

Дополнително, со судска наредба, полицијата извршила претрес во викенд-куќа што ја користел К.Т., исто така во атарот на селото Копришница. Таму биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и други предмети поврзани со кривично дело.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини