Тројца починаа, нови 118 заболени од ковид-19 денеска
Починатите пациенти се од Тетово (64), Штип (82) и Струга (74), сите во болнички услови.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани тројца починати и 118 новозаболени од ковид-19 во земјава. Направени се 1.653 тестирања, а заболените се во: Скопје – 55, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 5, Прилеп – 9, Тетово – 6, Струга – 1, Велес – 2, Битола – 1, Охрид – 3, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Берово – 1, Виница – 3, Делчево – 2, Кратово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје – 22, Куманово – 11, Штип – 11, Струга – 37, Велес – 3, Битола – 6, Охрид – 13, Кавадарци – 11, Гостивар – 1, Демир Хисар – 3, Виница – 4, Кичево – 5.
Починатите пациенти се од Тетово (64), Штип (82) и Струга (74), сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5.556, активни 949
- Куманово 1.324, активни 302
- Дебар 228, активни 68
- Штип 1.078, активни 243
- Прилеп 382, активни 51
- Тетово 1.161, активни 160
- Струга 530, активни 138
- Велес 249, активни 27
- Битола 188, активни 63
- Охрид 318, активни 62
- Кавадарци 165, активни 99
- Гостивар 689, активни 297
- Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)
- Струмица 55, активни 26
- Крива Паланка 32, активни 7
- Радовиш 38, активни 10
- Крушево 16, активни 1
- Кочани 129, активни 28
- Пробиштип 72, активни 20
- Демир Хисар 60, активни 33
- Македонски Брод 65, активни 36
- Пехчево 8, активни 2
- Берово 18, активни 9
- Валандово 7, активни 1
- Виница 61, активни 42
- Делчево 20, активни 15 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 16, активни 2
- Свети Николе 265, активни 56
- Кичево 251, активни 115
- Ресен 146, активни 1
- Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.653 теста се преку: ИЈЗ – 446, ЦЈЗ Скопје – 24, Авицена – 263, Биотек – 337, МАНУ – 90, Клиника „Жан Митрев“ – 233, Систина со PCR метода – 145, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола – 76, Инфективна клиника – 14, ГАК – 17, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 132.493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 133
- Аеродром – 118
- Гази Баба – 121
- Карпош – 91
- Центар – 88
- Кисела Вода – 89
- Бутел – 71
- Ѓорче Петров – 66
- Шуто Оризари – 47
- Студеничани – 30
- Сарај – 26
- Арачиново – 19
- Илинден – 12
- Сопиште – 11
- Чучер Сандево – 7
- Петровец – 7
- Зелениково – 6
- Странец – 4
- Нераспределен – 3