Три лица починаа, а 148 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрираните нови случаи се во: Скопје 50, Куманово 4, Дебар 2, Штип 2, Прилеп 9, Тетово 11, Велес 2, Битола 6, Кавадарци 6, Гостивар 3, Гевгелија 1, Струмица 6, Крива Паланка 3, Радовиш 1, Кочани 18, Берово 11, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 5 и Неготино 1.
Во болнички услови се починати тројца пациенти од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 6.881, активни 684
Куманово 1.745, активни 182
Дебар 284, активни 42
Штип 1.251, активни 53
Прилеп 667, активни 128
Тетово 1.424, активни 174
Струга 664, активни 58
Велес 319, активни 34
Битола 296, активни 59
Охрид 421, активни 44
Кавадарци 236, активни 49
Гостивар 928, активни 103
Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски ржавјани)
Струмица 233, активни 150
Крива Паланка 107, активни 29
Радовиш 76, активни 18
Крушево 20, активни 3
Кочани 340, активни 149
Пробиштип 110, активни 21
Демир Хисар 61, активни 2
Македонски Брод 92, активни 13
Пехчево 43, активни 3
Берово 102, активни 38
Валандово 31, активни 22
Виница 108, активни 29
Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 24, активни 0
Свети Николе 341, активни 37
Кичево 324, активни 39
Ресен 164, активни 16
Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.224 теста се преку: ИЈЗ 488, ЦЈЗ Скопје 24, Авицена 297, Биотек 87, МАНУ 0, Клинка „Жан Митрев“ 72, Систина со PCR метода 106, лабораторија Лаор 61, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 58, Инфективна клиника 0, ГАК 16, Синлаб 15, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 59
Гази Баба – 80
Аеродром – 109
Карпош – 83
Центар – 96
Кисела Вода – 79
Ѓорче Петров – 50
Бутел – 31
Шуто Оризари – 17
Студеничани – 9
Сарај – 12
Арачиново – 5
Илинден – 28
Сопиште – 3
Чучер Сандево – 5
Петровец – 7
Зелениково – 2
Странец – 7
Нераспределен-2