ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ОДАТ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ Во клиниката „Жан Митрев“ биле згрижени 9 повредени

Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон различни здравствени центри, вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и во Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Св. Наум Охридски“ и други.

167

Во клиниката „Жан Митрев“ досега беа згрижени вкупно девет пациенти од кои тројца кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји, соопшти Клиниката.

Останатите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, додека другите тројца пациенти остануваат на дополнителна опсервација.






Клиниката „Жан Митрев“ од првиот момент ги отвори вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги стави на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.

Тимот на болницата лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката, туку и од други здравствени установи во земјата и во странство. Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон различни здравствени центри, вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и во Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Св. Наум Охридски“ и други.

„Сочувствувајќи со ненадминливата трагедија и големата болка, целосната грижа и сите услуги за повредените беа обезбедени бесплатно и Клиниката заедно со целиот свој персонал ќе продолжи да помага сѐ додека има потреба, со истата посветеност и хуманост што се темел на нашата работа“, се наведува во соопштението од Клиниката.

 

Поврзани содржини