ТРОЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД ФИТНЕС КЛУБ ВО ЧАИР Обвинителството за нив бара притвор
Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против три лица кои ги сомничи за обид за убиство во инцидентот кој се случи пред фитнес клуб во Чаир.
За сите тројца осомничени Обвинителството бара притвор.
„Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото го извршиле пред фитнес клуб во Чаир, на 1 јуни во вечерните часови. Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повреди им биле нанесени и на другите двајца оштетени кои се обиделе да ги раздвојат и да му помогнат на прободениот“, соопшти Обвинителството.
БРАЌА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ПРЕД ТЕРЕТАНА ВО ЧАИР Сакале да спречат тепачка, завршија во болница