ТРОЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД Двајца се од комисија која вршела технички преглед на натстрешницата
Во обвинението за повеќе кривични дела со коруптивен елемент се опфатени Слободанка К., менаџер за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура на Железници Србија“ со седиште во Белград, претседателот на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, потоа Милутин С., и член на таа комисија, Билјана К.
Вишиот суд во Белград го потврди обвинението на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против тројца обвинети за уривање на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пишуваат српските медиуми.
Во обвинението за повеќе кривични дела со коруптивен елемент се опфатени Слободанка К., менаџер за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура на Железници Србија“ со седиште во Белград, претседателот на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, потоа Милутин С., и член на таа комисија, Билјана К.
Претходно во април судот го врати обвинението на дополна и беа извршени дополнителни сослушувања во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Вишото јавно обвинителство во Белград исто така отвори предмет за тероризам врз основа на пријавата на таткото на една од жртвите.
Во трагедијата во Нови САД на 1 ноември 2024 година загинаа 16 лица и двајца се тешко повредени. Еден од повреденте почина во болница, пишува Блиц.