Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за фалсификување исправа.
– Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица – велат од обвинителството.