Тројца мртви по уривањето на облакодер во Флорида, сè уште се трага по преживеани (ВИДЕО)
Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која има 136 станови, се сруши вчера среде ноќ, околу 01:35 часот по локално време.
Бројот на загинати откако се сруши облакодер во Флорида се искачи на три, а спасувачите сè уште трагаат по скоро стотина луѓе за кои се смета дека се водат како исчезнати и биле во зградата за време на несреќата, пишува „Ројтерс“.
Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која има 136 станови, се сруши вчера среде ноќ, околу 01:35 часот по локално време.
Спасувачите слушнале звуци од урнатините
Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините, но надежите се намалуваат. Сепак, тие пријавиле дека слушаат звуци кои доаѓаат од урнатините.
Имено, шефот на противпожарната служба во Флорида, Џими Патронис, изјави за „Си-Ен-Ен“ дека спасувачите слушнале лице порано денес во областа на гаражата, но пристапот до областа е скоро невозможен.
Гувернерот: Се подготвуваме за лоши вести
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатиот облакодер.
– Но, ние се подготвуваме за лошите вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци – рече ДеСантис.
Исчезнато семејство на првата дама на Парагвај
Семејството на првата дама на Парагвај исчезна при уривањето на облакодерот, потврди парагвајското Министерство за надворешни работи.
Сестрата на првата дама на Парагвај, Силвана Лопез Мореира, со сопругот и трите деца престојуваше во стан на 10-ти кат во облакодерот. Министерството соопшти дека трага по вкупно шест Парагвајци кои се наоѓале во облакодерот за време на колапсот.
Се верува дека четворица државјани на Венецуела и осуммина Аргентина се водат како исчезнати при уривањето на облакодерот во Флорида, објавија конзулатите на тие земји.
JUST IN: Video I’ve obtained of the building collapse in Surfside, Florida. pic.twitter.com/BGbRC7iSI9
— Andy Slater (@AndySlater) June 24, 2021
Бајден прогласи вонредна состојба на Флорида
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузната држава Флорида, по уривањето на зградата во Сурсфајд во близина на Мајами бич, при што загина најмалку едно лице, а 99 се водат како исчезнати.
Бајден исто така нареди испраќање на сојузна помош за да се отстранат последиците од несреќата.
– Претседателот го овласти Одделот за национална безбедност, Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), да ги координира сите напори за помош – се вели во соопштението на Белата куќа.
Облакодерот започнал да тоне уште во 90-тите?
Геологот и екологист Шимон Вдовински од Институтот за животна средина на Универзитетот во Флорида, изјави за „Си-Ен-Ен“ дека открил минатата година дека зградата „Champlain Towers South“ започнала да тоне уште во 90-тите години на минатиот век.
Според неговото истражување, облакодерот се срушил околу два милиметри годишно од 1993 до 1999 година. Вдовински рече дека ова ниво на слегнување веројатно само по себе не можело да предизвика уривање на зградата, но додаде дека може да придонесе за инцидентот.
Причината за падот на облакодерот изграден во 1981 година сè уште не е позната. Потврдено е дека градежните работи се изведуваа на покривот на зградата, но не е познато дали тие предизвикале колапс.
– Ако еден дел од зградата се движи во однос на друг, тоа може да предизвика напнатост и пукнатини – објасни Вдовински.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис издаде наредба за обезбедување помош на семејствата погодени од колапсот и прогласи вонредна состојба.