ТРОЈЦА МАЖИ ОБВИНЕТИ ЗА „ХОРОРОТ“ ВО САН АНТОНИО 51 мигрант го загуби животот во камионската приколка

Обвинети се Хуан Клаудио Д’Луна-Мендез и Хуан Франциско Д’Луна-Билбао, кои во моментов се теретат за незаконско поседување оружје и нелегален престој во САД, но се претпоставува дека наскоро ќе се соочат со далеку посериозно обвинение за илегална трговија со луѓе и предизвикување на смрт на 51 лице.

133

Обвинителството на Сан Антонио поднесе обвинение за тројца мажи, кои полицијата ги поврза со смртта на 51 мигрант пронајдени во приколка од камион.

Обвинети се Хуан Клаудио Д’Луна-Мендез и Хуан Франциско Д’Луна-Билбао, кои во моментов се теретат за незаконско поседување оружје и нелегален престој во САД, но се претпоставува дека наскоро ќе се соочат со далеку посериозно обвинение за илегална трговија со луѓе и предизвикување на смрт на 51 лице.






Кривичните пријави се поднесени во понеделникот, истиот ден кога мигрантите биле пронајдени во камион во кој немало клима и вода.

Полицијата успеала да ги лоцира мажите откако ја следеле адресата на која бил пријавен камионот и забележале дека возило ја напушта куќата. Возачот е идентификуван како Д’Луна-Билбао и имал огнено оружје во автомобилот, се вели во соопштението. Во истата куќа, полицијата забележала друг камион чиј возач, помлад маж, кој бил идентификуван како Д’Луна-Мендез.

Двајцата се мексикански државјани кои илегално престојуваат во САД.

Третиот осомничен, опишан како американски државјанин, кој го управувал камионот, исто така, е приведен и се очекува да му биде поднесена кривична пријава, но тој е во болница од вторникот вечерта.

Најмалку 22 лица, чии тела беа пронајдени во камионот, се мексикански државјани. Меѓу загинатите има седум Гватемалци и двајца од Хондурас. Но идентификацијата на починатите оди тешко, оти пронајдените жртви се без документи за идентификација, а во еден случај жртвата имала украдена лична карта. Се препоставува дека жртвите се од оддалечени села во кои нема телефонска услуга за да се стигне до членовите на семејствата и да се утврдат исчезнатите мигранти. Податоците за отпечатоци од прст треба да се споделат и да се усогласат од различни влади.

Мигрантите починале во камионска приколка во Сан Антонио, Тексас, каде температурата тој ден достигнала 39,4 степени Целзиусови.

Поврзани содржини