ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НИ ПОЧИНАА, А 22 ДЕЦА СЕ ЗАБОЛЕНИ Ништо од тестирањата на ковид, предупредува Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ

Со големо жалење ја потсетувам Мила Царовска дека во рок од 2 месеци ни починаа 3 малолетници од 15 до 17 години. Толку од веродостојноста на тестирањата, пишува Јаневска

1,286

Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПННЕ на Фејсбук објави дека по спроведени 5000 К-19 тестови во училиштата откриле 15 позитивни ученици.

Јаневска вели дека Мила Царовска исчезнала, но дека мора да се знаат некои загрижувачки факти:






1. Во Тетово во едно училиште има 4 цели паралелки во изолација.
2. Во болницата Козле пред 2 недели директорот соопшти дека има 23 болни деца од 7 до 17 години.
3. Вчера од болницата Козле соопштија дека таму лежат 22 болни деца од 0 до 9 години
4. Со големо жалење ја потсетувам Мила Царовска дека во рок од 2 месеци ни починаа 3 малолетници од 15 до 17 години.
Толку од веродостојноста на тестирањата, пишува Јаневска.

Во однос на учебниците, МОН соопшти дека учебниците за четврто одделение може да се печатат, ама од тоа да не се прави бизнис.

Ја прашувам Мила Царовска КАДЕ да се печатат учебниците? Во фотокопирница не смее, дома луѓето немаат печатари, училиштата немаат средства. Значи ли тоа дека учебници смеат да печатат вработените на работа и да ги користат средствата на фирмата? Што е многу многу е и ДОСТА Е!“, пишува Јаневска.

Поврзани содржини