ТРОЈЦА ХРВАТСКИ ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА НА ЈУЛИЈСКИТЕ АЛПИ Четворица успеале да ја преживеат лавината

Словенечките власти советуваат да се избегнуваат планинарења во наредните денови.

536

Тројца хрватски планинари загинаа во лавина на планината Тошќ во словенечките Јулиски Алпи, и покрај предупредувањата за влошување на временските услови. Словенечките спасувачки служби веднаш реагирале, додека хрватските власти нудат помош во потрагата и спасувањето.

Останатите четворица планинари, кои останале во домот, успеале безбедно да се спуштат до висорамнината Покљука.






Хрватските планинари кои загинаа во лавина во неделата на планината Тошќ во словенечките Јулиски Алпи, биле предупредени за влошување на временските услови. Тие престојувале во домот на Водник, каде што биле информирани за студениот фронт и потенцијалните опасности. Сепак, тројца од нив продолжиле со искачување на Тошќ, каде што настрадале.

Според информациите, планинарите кои загинаа потекнувале од околината на Сплит.

Словенечките спасувачки служби, вклучувајќи екипи од Бохињ, Радовљица и Јесенице, учествувале во спасувачката акција. Поради влошување на временските услови, акцијата беше прекината и продолжи денеска изутрина.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ понуди помош во потрагата и спасувањето, вклучувајќи тимови на Хрватската планинска служба за спасување (HGSS) и хеликоптери. Тој изрази благодарност до словенечките спасувачки служби за нивниот ангажман и активностите кои ги преземаат.

Словенечките власти предупредуваат дека условите во планините се изразено тешки, со голема количина на врнежи и висок ризик од лавини. Тие советуваат да се избегнуваат планинарења во наредните денови.

ЛАВИНА ЗАТРУПА ТРОЈЦА ХРВАТСКИ ПЛАНИНАРИ ВО СЛОВЕНИЈА На Алпите е во тек спасувачка акција

Поврзани содржини