ТРОЈЦА ХРВАТИ СЕ НАЈБОГАТИ ВО РЕГИОНОТ Меѓу првите 10 на листата нема Македонци

Српскиот неделник „Недељник“ кој ја прави листата секоја година пресмета дека компанијата „Инфобип“ која е и највредна во регионот за една година ја зголемила вредноста за 807 милиони евра.

2,745

Српскиот неделник „Недељник“ ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска.

На листата водат сопствениците на хрватскиот „Инфобип“ Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ. Вредноста на нивната компанија за една година се зголемила за речиси 807,6 милиони евра и сега изнесува 3,307 милијарди евра.






Второто место го зазема Дубравко Гргиќ, сопственик на „Аграм Груп“, чија вредност се проценува на 3,12 милијарди евра.

На трето место е компанијата „Rimac Bugatti“, во сопственост на Мате Римац, со вредност на компанијата од 3,04 милијарди евра.

Следат двајца српски бизнисмени, Мирослав Мишковиќ од „Делта Холдинг“ (3,036 милијарди евра) и Миодраг Костиќ од „МК Груп“ (2,723 милијарди евра).

Оваа година, наведува неделникот, Мишковиќ стана првиот Србин чии компании, и само на територијата на Србија, вредат повеќе од 3 милијарди евра.

На шестата позиција се најдоа Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ  од компанијата „Моцарт“ (1.860.858.809 евра)

Петар Матијевиќ Месна индустрија „Матијевиќ“( 1.821.626.535 евра) е седми,

На осмата позиција е Павао Вујевац „Energia Naturalis“ ( 1.632.142.857 евра),

Девети е Станко Поповиќ „Еликсир Груп“ ( 1.517.897.330 евра) и на десетата позиција се најде
групата на  Драган Шолак „Јунајтед“ ( 1.464.370.000 евра).

 

Поврзани содржини