ТРОЈЦА ДЕБИТАНТИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС Милевски го објави составот за Лигата на Нации

Нови имиња во составот на „црвено-жолтите“ што денеска го објави селекторот Благоја Милевски се дефанзивецот на Академија Пандев, Бојан Димоски и играчите за врска на словачки Злате Моравце, Томче Гроздановски и полска Висла Краков, Енис Фазлагиќ.

239

Македонската фудбалска репрезентација со тројца дебитанти во поширокиот состав ќе ја почне идниот месец новата сезона во Лигата на нации во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар во рамки на Ц дивизијата.

Нови имиња во составот на „црвено-жолтите“ што денеска го објави селекторот Благоја Милевски се дефанзивецот на Академија Пандев, Бојан Димоски и играчите за врска на словачки Злате Моравце, Томче Гроздановски и полска Висла Краков, Енис Фазлагиќ.






– Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата. Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври, изјави попладнево Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.

Македонските фудбалери на 2 јуни и гостуваат на Бугарија, а три дена подоцна на Гибралтар, по што на 9 јуни ја пречекуваат Грузија, а на 12 јуни во Скопје ги очекува реваншот против Гибралтар.

– Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нема да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат, додаде Милевски.

Поврзани содржини